Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ

Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари, февруари 2025 година

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се зголемени за 0.5 % во февруари 2025 година во однос на претходниот месец

Индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во февруари 2025 година во однос на претходниот месец е 100.5. Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во секторот Рударство и вадење на камен се непроменети, а во секторот Преработувачка индустрија се зголемени за 0.6 %.

Во февруари 2025 година во однос на истиот месец од претходната година индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари е 107.0. Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во секторот Рударство и вадење на камен се зголемени за 14.0 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 6.7 %. 

 

Главни поенти

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во февруари 2025 година се зголемени за:
  • 0.5 % во однос на претходниот месец
  • 7.0 % во однос на истиот месец од претходната година

 

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Елизабета Трајковска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: elizabeta.trajkovska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари