Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 07.2.2025.1/5

Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари, мај 2025 година

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се зголемени за 0.2 % во мај 2025 година во однос на претходниот месец

Индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во мај 2025 година во однос на претходниот месец е 100.2. Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во секторот Рударство и вадење на камен се намалени за 4.0 %, а во секторот Преработувачка индустрија се зголемени за 0.5 %.

Во мај 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари е 105.5. Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во секторот Рударство и вадење на камен се намалени за 6.5 %, а во секторот Преработувачка индустрија се зголемени за 6.2 %. 

Главни поенти

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во мај 2025 година се зголемени за:

  • 0.2 % во однос на претходниот месец
  • 5.5 % во однос на истиот месец од претходната година

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Елизабета Трајковска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: elizabeta.trajkovska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари