Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари, јануари 2025 година
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се зголемени за 1.6 % во јануари 2025 година во однос на претходниот месец
Индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во јануари 2025 година во однос на претходниот месец е 101.6. Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во секторот Рударство и вадење на камен се намалени за 1.8 %, а во секторот Преработувачка индустрија се зголемени за 1.7 %.
Во јануари 2025 година во однос на истиот месец од претходната година индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари е 107.3. Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во секторот Рударство и вадење на камен се зголемени за 16.5 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 6.9 %.
Главни поенти
- 1.6 % во однос на претходниот месец
- 7.3 % во однос на истиот месец од претходната година
Табели

Контакт
Подготвено од: Елизабета ТрајковскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: elizabeta.trajkovska@stat.gov.mk