Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари, јуни 2025 година
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се зголемени за 0.4 % во јуни 2025 година во однос на претходниот месец
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во јуни 2025 година, во однос на претходниот месец, се зголемени во секторот Рударство и вадење на камен за 2.8 % и во секторот Преработувачка индустрија за 0.3 %.
Во јуни 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во секторот Рударство и вадење на камен се намалени за 3.3 %, а во секторот Преработувачка индустрија се зголемени за 5.7 %.
Главни поенти
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во јуни 2025 година се зголемени за:
- 0.4 % во однос на претходниот месец
- 5.3 % во однос на истиот месец од претходната година
Табели

Контакт
Елизабета ТрајковскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: elizabeta.trajkovska@stat.gov.mk