Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 07.3.2025.1/4

Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, април 2025 година

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во април 2025 година во однос на претходниот месец се намалени за 0.2 %

Индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно (на домашниот и на странскиот пазар), во однос на претходниот месец е 99.8. Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се намалени во секторот Рударство и вадење на камен за 1.8 % и во секторот Преработувачка индустрија за 0.2 %, зголемени се во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.0 %, додека остануваат непроменети во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината.

Во април 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, е 106.1. Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во секторот Рударство и вадење на камен се зголемени за 5.6 %, во секторот Преработувачка индустрија за 5.5 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 18.4 % и во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 4.8 %.

 

Главни поенти

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во април 2025 година: 

  • се намалени за 0.2 % во однос на претходниот месец
  • се зголемени за 6.1 % во однос на истиот месец од претходната година

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Елизабета Трајковска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: elizabeta.trajkovska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно