Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, декември 2024 година
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во декември 2024 година во однос на претходниот месец се зголемени за 0.3 %
Индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во однос на претходниот месец е 100.3. Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во секторот Рударство и вадење на камен се зголемени за 1.9 %, во секторот Преработувачка индустрија за 0.3 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се намалени за 1.0 %, додека во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината продажните цени се непроменети.
Во декември 2024 година во однос на истиот месец од претходната година индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, е 106.1. Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во секторот Рударство и вадење на камен се зголемени за 16.3 %, во секторот Преработувачка индустрија за 5.3 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 14.0 % и во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 4.5 %.
Главни поенти
- 0.3 % во однос на претходниот месец
- 6.1 % во однос на истиот месец од претходната година
Табели

Контакт
Подготвено од: Елизабета ТрајковскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: elizabeta.trajkovska@stat.gov.mk