СООПШТЕНИЕ

Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, февруари 2025 година

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во февруари 2025 година во однос на претходниот месец се зголемени за 0.6 %

Индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во однос на претходниот месец е 100.6. Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се непроменети во секторите Рударство и вадење на камен и Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината, a зголемени се во секторите Преработувачка индустрија за 0.5 % и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.6 %.

Во февруари 2025 година во однос на истиот месец од претходната година индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, е 107.1. Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во секторот Рударство и вадење на камен се зголемени за 12.8 %, во секторот Преработувачка индустрија за 6.0 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 26.0 % и во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 4.8 %.

Главни поенти

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во февруари 2025 година се зголемени за:

·        0.6 % во однос на претходниот месец

  • 7.1 % во однос на истиот месец од претходната година

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Подготвено од: Елизабета Трајковска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: elizabeta.trajkovska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.