Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 07.3.2025.1/10

Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, октомври 2025 година

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во октомври 2025 година во однос на претходниот месец се зголемени за 0.3 %

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно (на домашниот и на странскиот пазар), во однос на претходниот месец, се зголемени во секторот Рударство и вадење камен за 6.6 %, во секторот Преработувачка индустрија за 0.2 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има намалување од 1.4 %, додека во секторот Снабдување со вода; отстранување вода, управување со отпад и дејности за санација на околината остануваат непроменети.

Во октомври 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се зголемени во секторот Рударство и вадење камен за 4.2 %, во секторот Преработувачка индустрија за 4.0 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 6.0 % и во секторот Снабдување со вода; отстранување вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 6.9 %.

Главни поенти

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во октомври 2025 година се зголемени:

  • за 0.3 % во однос на претходниот месец
  • за 4.1 % во однос на истиот месец од претходната година

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Елизабета Трајковска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: elizabeta.trajkovska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно