Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, септември 2025 година
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во септември 2025 година во однос на претходниот месец се зголемени за 0.5 %
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно (на домашниот и на странскиот пазар), во однос на претходниот месец се намалени во секторот Рударство и вадење на камен за 0.6 %, a се зголемени во секторот Преработувачка индустрија за 0.5 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.4 % и во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 4.9 %.
Во септември 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се зголемени во секторот Рударство и вадење на камен за 1.8 %, во секторот Преработувачка индустрија за 4.4 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 7.3 % и во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 6.9 %.
Главни поенти
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во септември 2025 година се зголемени:
- за 0.5 % во однос на претходниот месец
- за 4.5 % во однос на истиот месец од претходната година
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Елизабета ТрајковскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: elizabeta.trajkovska@stat.gov.mk