Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, мај 2025 година
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во мај 2025 година во однос на претходниот месец се зголемени за 0.4 %
Индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно (на домашниот и на странскиот пазар), во однос на претходниот месец е 100.4. Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се намалени во секторот Рударство и вадење на камен за 3.7 %, зголемени се во секторот Преработувачка индустрија за 0.5 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.7 %, додека остануваат непроменети во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината.
Во мај 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, е 105.8. Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во секторот Рударство и вадење на камен се намалени за 5.9 %, а се зголемени во секторот Преработувачка индустрија за 5.6 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 18.9 % и во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 4.8 %.
Главни поенти
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во мај 2025 година се зголемени за:
- 0.4 % во однос на претходниот месец
- 5.8 % во однос на истиот месец од претходната година
Табели

Контакт
Елизабета ТрајковскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: elizabeta.trajkovska@stat.gov.mk