Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, мај 2026 година
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во мај 2026 година во однос на претходниот месец се зголемени за 1.2 %
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно
(на домашниот и на странскиот пазар), во мај 2026 година во однос на претходниот месец се зголемени во секторот Рударство и вадење камен за 3.2 %, Преработувачка индустрија за 1.1 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.8 %, додека во секторот Снабдување со вода; отстранување вода, управување со отпад и дејности за санација на околината остануваат непроменети.
Во мај 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се зголемени во секторот Рударство и вадење камен за 23.2%, во секторот Преработувачка индустрија за 5.1 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 10.7 % и во секторот Снабдување со вода; отстранување вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 6.4 %.
Главни поенти
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во мај
2026 година се зголемени за:
- 1.2 % во однос на претходниот месец
- 6.0 % во однос на истиот месец од претходната година
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Елизабета ТрајковскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: elizabeta.trajkovska@stat.gov.mk