Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, јули 2025 година
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во јули 2025 година во однос на претходниот месец се намалени за 0.4 %
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно (на домашниот и на странскиот пазар), во однос на претходниот месец се намалени во секторот Рударство и вадење на камен за 0.2 %, во секторот Преработувачка индустрија за 0.4 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.8 %, додека во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината остануваат непроменети.
Во јули 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во секторот Рударство и вадење на камен се намалени за 4.1 %, а се зголемени во секторот Преработувачка индустрија за 5.1 %, во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 8.2 % и во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 1.9 %.
Главни поенти
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во јули 2025 година:
- се намалени за 0.4 % во однос на претходниот месец
- се зголемени за 4.9 % во однос на истиот месец од претходната година
Табели

Контакт
Елизабета ТрајковскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: elizabeta.trajkovska@stat.gov.mk