Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 07.3.2026.1/7

Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, јули 2026 година

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во јули 2026 година во однос на претходниот месец се непроменети

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно 
(на домашниот и на странскиот пазар), во јули 2026 година во однос на претходниот месец се намалени во секторот Рударство и вадење камен за 6.7 % и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.3 %, а се зголемени во секторот Преработувачка индустрија за 0.3 %, додека во секторот Снабдување со вода; отстранување вода, управување со отпад и дејности за санација на околината остануваат непроменети.

Во јули 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се зголемени во секторите Рударство и вадење камен за 16.4 %, Преработувачка индустрија за 5.9 %, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 11.7 % и Снабдување со вода; отстранување вода, управување со отпад и дејности за санација на околината за 7.4 %.

Главни поенти

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во јули
2026 година:

  • се непроменети во однос на претходниот месец
  • се зголемени за 6.5 % во однос на истиот месец од претходната година

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Елизабета Трајковска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: elizabeta.trajkovska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно