СООПШТЕНИЕ

Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, декември 2024 година

Инфлацијата во декември 2024 година е повисока за 0.3 % во однос на претходниот месец

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во декември 2024 година, во однос на ноември 2024 година, изнесуваше 0.3 %. 


Индексот на трошоците на животот во 2024 година, во однос на 2023 година, бележи пораст од 3.5 %, а индексот на цените на мало од 3.8 %. 


Движењето на индексот на трошоците на животот во 2024 година беше различно кај одделни групи на потрошувачката. 


Пораст на индексите е забележан во сите групи: Ресторани и хотели за 9.9 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 7.6 %, Здравје за 5.3 %, Разновидни стоки и услуги за 5.1 %, Рекреација и култура за 4.9 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 3.8 %, Облека и обувки за 3.1 %, Комуникации, Храна и безалкохолни пијалаци за 2.9 %, Транспорт, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 1.4 % и Образование за 0.2 %. 


Движењето на индексот на цените на мало во 2024 година, исто така, беше различно кај одделни групи производи. 


Пораст на индексите е забележан во сите групи: Земјоделски производи за 7.1 %, Услуги за 5.0 %, Пијалаци за 4.0 %, Индустриско-прехранбени производи за 3.5 % и Индустриско-непрехранбени производи и тутун за 2.1 %. 


Зголемувањето на инфлацијата во декември 2024 година, во однос на ноември 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 
4.8 %, Рекреација и култура за 1.7 %, Ресторани и хотели за 0.4 %, Облека и обувки за 0.2 % и Разновидни стоки и услуги за 0.1 %. 


Во декември 2024 година, во однос на ноември 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Комуникации за 0.4 %, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.3 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.2 %. 


Трошоците на животот во групите: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, Домување, вода, електрика, гас и други горива, Здравје и Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец. 


Индексот на цените на мало во декември 2024 година, во однос на ноември 2024 година, изнесуваше 101.2. 


Индексот на трошоците на животот во декември 2024 година, во однос на декември 2023 година, бележи зголемување од 4.4 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 4.3 %.

Главни поенти

Во декември 2024 година во однос на ноември 2024 година:

  • Стапката на инфлација е 0.3 %
  • Во групата Транспорт е 4.8 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Месечни индекси на трошоците на животот

декември 2023 – декември 2024 година

Контакт

Подготвено од: Елвидина Луковиќ
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: elvidina.lukovic@stat.gov.mk
Подготвено од: Дарко Настоски
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: darko.nastoski@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.