Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, февруари 2025 година
Инфлацијата во февруари 2025 година е повисока за 0.5 % во однос на претходниот месец
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во февруари 2025 година, во однос на јануари 2025 година, изнесува 0.5 %.
Зголемувањето на инфлацијата во февруари 2025 година, во однос на јануари 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Храна и безалкохолни пијалаци за 1.4 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.8 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата и Ресторани и хотели за 0.6 %, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.5 %, Здравје за 0.2 % и Комуникации за 0.1 %.
Во февруари 2025 година, во однос на јануари 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 3.0 %, Облека и обувки за 0.3 %, Рекреација и култура и Разновидни стоки и услуги за 0.2 %.
Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Индексот на цените на мало во февруари 2025 година во однос на јануари 2025 година изнесува 99.4.
Индексот на трошоците на животот во февруари 2025 година, во однос на февруари 2024 година, бележи зголемување од 5.0 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 4.2 %.
Главни поенти
Во февруари 2025 година во однос на јануари 2025 година:
- Стапката на инфлација е 0.5 %
- Во групата Храна и безалкохолни пијалаци е 1.4 %
Табели

Графикон
Месечни индекси на трошоците на животот
февруари 2024 – февруари 2025 година
Контакт
Подготвено од: Елвидина ЛуковиќТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: elvidina.lukovic@stat.gov.mk Подготвено од: Дарко Настоски
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: darko.nastoski@stat.gov.mk