Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 07.5.2026.1/2

Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, февруари 2026 година

Инфлацијата во февруари 2026 година во однос на претходниот месец е 0.2 %

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во февруари 2026 година, во однос на јануари 2026 година, изнесува 0.2 %. 


Во февруари 2026 година, во однос на јануари 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Услуги за образование за 4.0 %, Облека и обувки за 1.1 %, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0.9 %, Рекреација, спорт и култура, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.3 %, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.2 %. 


Намалувањето на инфлацијата во февруари 2026 година, во однос на јануари 2026 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 
0.8 %, Здравствена заштита за 0.6 %, Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0.5 %, Информации и комуникации за 0.2 %, Ресторани и услуги за сместување за 0.1 %.


Трошоците на животот во групата Осигурување и финансиски услуги, остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.


Индексот на цените на мало во февруари 2026 година, во однос на јануари 2026 година, изнесува 99.7.

Индексот на трошоците на животот во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, бележи зголемување од 2.9 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1.6 %.     

Главни поенти

Во февруари 2026 година во однос на јануари 2026 година:
  • Стапката на инфлација е 0.2 %
  • Во групата Услуги за образование е 4.0 % 

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Месечни индекси на трошоците на животот

февруари 2025 – февруари 2026 година

Контакт

Елвидина Луковиќ
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: elvidina.lukovic@stat.gov.mk
Дарко Настоски
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: darko.nastoski@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на трошоците на животот и на цените на мало