СООПШТЕНИЕ

Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, март 2025 година

Инфлацијата во март 2025 година е пониска за 1.3 % во однос на претходниот месец

 
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во март 2025 година, во однос на февруари 2025 година, изнесува -1.3 %.   
 
Намалувањето на инфлацијата во март 2025 година, во однос на февруари 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Храна и безалкохолни пијалаци за 3.0 %, Транспорт за 1.8 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.6 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.5 % и Разновидни стоки и услуги за 0.3 %.     
  
Во март 2025 година, во однос на февруари 2025 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Домување, вода, електрика, гас и други горива, Облека и обувки и Рекреација и култура за 0.4 %, Ресторани и хотели за 0.3 %, Комуникации и Здравје за 0.2 %.       
    
Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.       
      
Индексот на цените на мало во март 2025 година во однос на февруари 2025 година изнесува 99.1.                 
 
Индексот на трошоците на животот во март 2025 година, во однос на март 2024 година, бележи зголемување од 2.7 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 2.2 %.   

Главни поенти

Во март 2025 година во однос на февруари 2025 година:
  • Стапката на инфлација е -1.3 %
  • Во групата Храна и безалкохолни пијалаци е -3.0 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Месечни индекси на трошоците на животот

март 2024 – март 2025 година

Контакт

Подготвено од: Елвидина Луковиќ
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: elvidina.lukovic@stat.gov.mk
Подготвено од: Дарко Настоски
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: darko.nastoski@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.