Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 07.5.2026.1/3

Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, март 2026 година

Инфлацијата во март 2026 година во однос на претходниот месец е 0.7 %

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во март 2026 година, во однос на февруари 2026 година, изнесува 0.7 %.       

Во март 2026 година, во однос на февруари 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 3.4 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за      3.2 %, Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0.6 %, Рекреација, спорт и култура за 0.5 %, Услуги за образование, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.4 %, Облека и обувки за 0.3 %, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Информации и комуникации за 0.2 %, Здравствена заштита, Ресторани и услуги за сместување за 0.1 %.

Трошоците на животот во групата Осигурување и финансиски услуги, остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во март 2026 година во однос на февруари 2026 година изнесува 100.9. 

Индексот на трошоците на животот во март 2026 година, во однос на март 2025 година, бележи зголемување од 4.9 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 
3.4 %.

Главни поенти

Во март 2026 година во однос на февруари 2026 година:

  • Стапката на инфлација е 0.7 %
  • Во групата Транспорт е 3.4 % 

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Месечни индекси на трошоците на животот

март 2025 – март 2026 година

Контакт

Елвидина Луковиќ
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: elvidina.lukovic@stat.gov.mk
Дарко Настоски
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: darko.nastoski@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на трошоците на животот и на цените на мало