Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, ноември 2025 година
Инфлацијата во ноември 2025 година во однос на претходниот месец е 0.5 %
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во ноември 2025 година, во однос на октомври 2025 година, изнесува 0.5 %.
Зголемувањето на инфлацијата во ноември 2025 година, во однос на октомври 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 1.7 %, Рекреација и култура за 0.9 %, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.7 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.5 %, Ресторани и хотели, Здравје за 0.3 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.2 %, Комуникации, Облека и обувки и Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.1 %.
Трошоците на животот во групите Разновидни стоки и услуги и Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Индексот на цените на мало во ноември 2025 година во однос на октомври 2025 година изнесува 100.6.
Индексот на трошоците на животот во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, бележи зголемување од 4.0 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.0 %.
Главни поенти
Во ноември 2025 година во однос на октомври 2025 година:
- Стапката на инфлација е 0.5 %
- Во групата Транспорт е 1.7 %
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Графикон
Месечни индекси на трошоците на животот
ноември 2024 – ноември 2025 година
Контакт
Елвидина ЛуковиќТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: elvidina.lukovic@stat.gov.mk Дарко Настоски
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: darko.nastoski@stat.gov.mk