Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 07.5.2025.1/9

Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, септември 2025 година

Инфлацијата во септември 2025 година во однос на претходниот месец е -0.2 %

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во септември 2025 година, во однос на август 2025 година, изнесува -0.2 %.

Намалувањето на инфлацијата во септември 2025 година, во однос на август 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 3.3 %, Ресторани и хотели за 1.3 %, Рекреација и култура за 0.7 %, Облека и обувки за 0.3 %, Разновидни стоки и услуги за 0.2 % и Храна и безалкохолни пијалаци за 0.1 %. 

Во септември 2025 година, во однос на август 2025 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 2.8 %, Комуникации за  1.8 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.8 %, Здравје за 0.4 % и Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.3 %. 

Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец. 

Индексот на цените на мало во септември 2025 година во однос на август 2025 година изнесува 99.3. 

Индексот на трошоците на животот во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, бележи зголемување од 4.0 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 4.1 %.     

Главни поенти

Во септември 2025 година во однос на август 2025 година: 

  • Стапката на инфлација е -0.2 
  • Во групата Транспорт е -3.3 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Месечни индекси на трошоците на животот

септември 2024 – септември 2025 година

Контакт

Елвидина Луковиќ
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: elvidina.lukovic@stat.gov.mk
Дарко Настоски
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: darko.nastoski@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на трошоците на животот и на цените на мало