Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, мај 2025 година
Инфлацијата во мај 2025 година е повисока за 1.5 % во однос на претходниот месец
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во мај 2025 година, во однос на април 2025 година, изнесува 1.5 %.
Зголемувањето на инфлацијата во мај 2025 година, во однос на април 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Храна и безалкохолни пијалаци за 4.1 %, Разновидни стоки и услуги за 1.5 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.8 %, Облека и обувки за 0.5 %, Рекреација и култура за 0.4 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.3 %, Домување, вода, електрика, гас и други горива и Здравје за 0.1 %.
Во мај 2025 година, во однос на април 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: Транспорт за 3.6 %, Ресторани и хотели за 0.2 % и Комуникации за 0.1 %.
Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Индексот на цените на мало во мај 2025 година во однос на април 2025 година изнесува 100.2.
Индексот на трошоците на животот во мај 2025 година, во однос на мај 2024 година, бележи зголемување од 3.3 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1.6 %.
Главни поенти
Во мај 2025 година во однос на април 2025 година:
- Стапката на инфлација е 1.5 %
- Во групата Храна и безалкохолни пијалаци е 4.1 %
Табели

Графикон
Месечни индекси на трошоците на животот
мај 2024 – мај 2025 година
Контакт
Елвидина ЛуковиќТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: elvidina.lukovic@stat.gov.mk Дарко Настоски
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: darko.nastoski@stat.gov.mk