СООПШТЕНИЕ

Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, јануари 2025 година

Инфлацијата во јануари 2025 година е повисока за 0.2 % во однос на претходниот месец

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јануари 2025 година, во однос на декември 2024 година, изнесува 0.2 %.     
   
Зголемувањето на инфлацијата во јануари 2025 година, во однос на декември 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Разновидни стоки и услуги за 1.6 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 1.5 %, Ресторани и хотели за 0.7 %, Храна и безалкохолни пијалаци, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и Рекреација и култура за 0.1 %.     
   
Во јануари 2025 година, во однос на декември 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 0.9 %, Комуникации за 0.4 % и Облека и обувки за 0.2 %. 
  
Трошоците на животот во групите: Домување, вода, електрика, гас и други горива, Здравје и Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.     
   
Индексот на цените на мало во јануари 2025 година, во однос на декември 2024 година, изнесува 99.6.     
     
Индексот на трошоците на животот во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, бележи зголемување од 4.9 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5.2 %.     

Главни поенти

Во јануари 2025 година во однос на декември 2024 година:
  • Стапката на инфлација е 0.2 % 
  • Во групата Разновидни стоки и услуги е 1.6 % 

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Месечни индекси на трошоците на животот

јануари 2024 – јануари 2025 година

Контакт

Елвидина Луковиќ
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: elvidina.lukovic@stat.gov.mk
Дарко Настоски
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: darko.nastoski@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на трошоците на животот и на цените на мало