Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, јануари 2026 година
Инфлацијата во јануари 2026 година во однос на претходниот месец е -0.7 %
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, изнесува –0.7 %.
Намалувањето на инфлацијата во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за
9.3 %, Информации и комуникации за 1.6 %, Рекреација, спорт и култура за 1.5 %, Облека и обувки за 1.2 %, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0.5 %.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 1.0 %, Ресторани и услуги за сместување за 0.7 %, Услуги за образование, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1%.
Трошоците на животот во групите Осигурување и финансиски услуги, Здравствена заштита и Храна и безалкохолни пијалаци остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Индексот на цените на мало во јануари 2026 година во однос на декември 2025 година изнесува 97.3.
Индексот на трошоците на животот во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, бележи зголемување од 3.2 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 1.2 %.
Поради стапувањето во сила на директно применливите регулативи на ЕУ и согласно препораките на Евростат, од јануари 2026 година Индексите на трошоците на животот и Хармонизираниот индекс на трошоците на животот се структурирани според новата Европска класификација на личната потрошувачка според намената, ECOICOP верзија 2 усогласена со Класификацијата на Обединетите нации UN COICOP 2018, без промена на методолошкиот пристап на пресметка на индексите.
Главни поенти
Во јануари 2026 година во однос на декември 2025 година:
- Стапката на инфлација е -0.7 %
- Во групата Транспорт е -9.3 %
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Графикон
Месечни индекси на трошоците на животот
јануари 2025 – јануари 2026 година
Контакт
Елвидина ЛуковиќТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: elvidina.lukovic@stat.gov.mk Дарко Настоски
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: darko.nastoski@stat.gov.mk