Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 07.5.2025.1/6

Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, јуни 2025 година

Инфлацијата во јуни 2025 година во однос на претходниот месец е 0.8 %

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни 2025 година, во однос на мај 2025 година, изнесува 0.8 %.

Повисоката инфлација во јуни 2025 година, во однос на мај 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 2.9 %, Рекреација и култура, Храна и безалкохолни пијалаци за 1.1 %, Разновидни стоки и услуги за 0.9 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.8 %, Ресторани и хотели за 0.5 %, Здравје за 0.3 %, Комуникации, Облека и обувки за 0.2 % и Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.1 %.

Трошоците на животот во групите Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во јуни 2025 година во однос на мај 2025 година изнесува 101.1.

Индексот на трошоците на животот во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, бележи зголемување од 4.5 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.7 %.

Главни поенти

Во јуни 2025 година во однос на мај 2025 година:
  • Стапката на инфлација е 0.8 %
  • Во групата Транспорт е 2.9 %

 

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Месечни индекси на трошоците на животот

јуни 2024 – јуни 2025 година

Контакт

Елвидина Луковиќ
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: elvidina.lukovic@stat.gov.mk
Дарко Настоски
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: darko.nastoski@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на трошоците на животот и на цените на мало