Индекси на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, четврто тримесечје 2024 година
Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во четвртото тримесечје од 2024 година во однос на претходното тримесечје се зголемени за 0.7 %
Индексот на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во однос на претходното тримесечје е 100.7, на трошоците за материјали 99.7, а на трошоците за вработените 103.0.
Во четвртото тримесечје од 2024 година, во однос на истото тримесечје од претходната година, индексот на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување е 91.0, на трошоците за материјали 91.4, а на трошоците за вработените 90.2.
Главни поенти
Во четвртото тримесечје од 2024 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување:
- се зголемени за 0.7 % во однос на претходното тримесечје
- се намалени за 9.0 % во однос на истото тримесечје од претходната година
Табели

Контакт
Подготвено од: Елизабета ТрајковскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: elizabeta.trajkovska@stat.gov.mk