Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 07.8.2025.1/8

Индекси на цените во земјоделството, август 2025 година

Цените во земјоделството во август 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 2.6 % кај инпутот и за 12.1 % кај аутпутот

Цените во земјоделството во август 2025 година, споредени со цените во август 2024 година, бележат зголемување и кај аутпутот и кај инпутот.

Во делот инпут, во август 2025 година, во споредба со август 2024 година, има зголемување на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) за 2.3 % и зголемување на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) за 5.7 %.

Во делот аутпут, во август 2025 година, во споредба со август 2024 година, цените на растителното производство се зголемени за 14.2 %, а цените на добиточното производство се зголемени за     6.5 %.

Главни поенти

Цените во земјоделството во август 2025 година, во однос на август 2024 година, се зголемиле за:

  • 14.2 % кај растителното производство
  • 6.5 % кај добиточното производство 
    кај аутпутот,
  • 2.3 % кај тековно потрошените средства во земјоделството
  • 5.7 % кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството
    кај инпутот.

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Виолета Миланова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: violeta.deleva@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекс на цени во земјоделството