Индекси на цените во земјоделството, август 2026 година
Цените во земјоделството во август 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 7.0 % кај инпутот, а намалени за 2.2 % кај аутпутот
Цените во земјоделството во август 2026 година, споредени со цените во август
2025 година, бележат зголемување кај инпутот, а намалување кај аутпутот.
Во делот инпут, во август 2026 година, во споредба со август 2025 година, кај цените на
инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) има зголемување за
6.8 %, а кај цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) зголемувањето е за 9.0%.
Во делот аутпут, во август 2026 година, во споредба со август 2025 година, цените на растителното производство се намалени за 2.4 %, а цените на добиточното производство се намалени за 1.6 %.
Главни поенти
Кај цените во земјоделството во август 2026 година, во однос на август 2025 година, се бележи следнава динамика:
- пониски се за 2.4 % кај растителното производство и
- за 1.6 % кај добиточното производство
во делот на аутпутот, додека во делот на инпутот
- повисоки се за 6.8 % кај тековно потрошените средства во земјоделството и
- за 9.0 % кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството.
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Виолета МилановаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: violeta.deleva@stat.gov.mk