Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 07.8.2025.1/4

Корекција: Податоците за индексите на цените во земјоделството во април 2025 година се објавени повторно

Поради одредени промени во цените на земјоделските инпути во април 2025 година, статистичките податоци за индексите на цените во земјоделството објавени на 15 мај 2025 година ги објавивме повторно. Се извинуваме за можните непријатности и ви благодариме за разбирањето!

Индексот на цените во земјоделството во април 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, е 101.4 кај инпутот и 110.9 кај аутпутот.

Во април 2025 година, во споредба со април 2024 година, индексот на цените на 
инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 101.2, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 103.9.

Во делот аутпут, во април 2025 година, во споредба со април 2024 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 111.2, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 109.5.

Главни поенти

Цените во земјоделството во април 2025 година во однос на април 2024 година пораснале за:

  • 11.2 % кај растителното производство
  • 9.5 % кај добиточното производство 

кај аутпутот,

  • 1.2 %  кај тековно потрошените средства во земјоделството
  • 3.9 %  кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството

кај инпутот.

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Виолета Миланова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: violeta.deleva@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекс на цени во земјоделството