Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ

Индекси на цените во земјоделството, декември 2024 година

Цените во земјоделството во декември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 2.4 % кај инпутот и за 20.3 % кај аутпутот

Индексот на цените во земјоделството во декември 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е 102.4 кај инпутот и 120.3 кај аутпутот.

Во декември 2024 година, во споредба со декември 2023 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 102.2, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 104.8.

Во делот аутпут, во декември 2024 година, во споредба со декември 2023 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 123.3, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 111.9.

Главни поенти

Цените во земјоделството во декември 2024 година во однос на декември 2023 година пораснале за: 

  • 23.3 % кај растителното производство
  • 11.9 % кај добиточното производство
  • 2.2 % кај тековно потрошените средства во земјоделството
  • 4.8 % кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Анета Костевска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: aneta.kostevska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекс на цени во земјоделството