Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 07.8.2025.1/12

Индекси на цените во земјоделството, декември 2025 година

Цените во земјоделството во декември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, се намалени за 1.1 % кај инпутот и за 4.7 % кај аутпутот

Цените во земјоделството во декември 2025 година, споредени со цените во декември 2024 година, бележат намалување кај аутпутот и  кај инпутот.

Во делот инпут, во декември 2025 година, во споредба со декември 2024 година, има намалување на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) за 
1.6 %, а зголемување на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) за 4.0 %.

Во делот аутпут, во декември 2025 година, во споредба со декември 2024 година, цените на растителното производство се намалени за 7.1 %, а цените на добиточното производство се зголемени за 2.4 %.

Главни поенти

Цените во земјоделството во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, се промениле за:

  •    -7.1 % кај растителното производство
  •    +2.4 % кај добиточното производство 

кај аутпутот

  •  -1.6 % кај тековно потрошените средства во земјоделствотo
  •  +4.0 % кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството

кај инпутот

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Виолета Миланова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: violeta.deleva@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекс на цени во земјоделството