СООПШТЕНИЕ : 07.8.2025.1/3

Индекси на цените во земјоделството, март 2025 година

Цените во земјоделството во март 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 2.6 % кај инпутот и за 8.7 % кај аутпутот

Индексот на цените во земјоделството во март 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, е 102.6 кај инпутот и 108.7 кај аутпутот.

Во март 2025 година, во споредба со март 2024 година, индексот на цените на 
инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 102.4, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 104.6.

Во делот аутпут, во март 2025 година, во споредба со март 2024 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 108.6, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 109.5.

Главни поенти

Цените во земјоделството во март 2025 година во однос на март 2024 година пораснале за:

  • 8.6 % кај растителното производство 
  • 9.5 % кај добиточното производство 
  • 2.4 % кај тековно потрошените средства во земјоделството
  • 4.6 % кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Подготвено од: Виолета Миланова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: violeta.deleva@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.