Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 07.8.2025.1/5

Корекција: Податоците за индексите на цените во земјоделството во мај 2025 година се објавени повторно

Поради одредени промени во цените на земјоделските инпути во мај 2025 година, статистичките податоци за индексите на цените во земјоделството објавени на 17 јуни 2025 година ги објавивме повторно. Се извинуваме за можните непријатности и ви благодариме за разбирањето!

Индексот на цените во земјоделството во мај 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, е 101.9 кај инпутот и 111.0 кај аутпутот.

Во мај 2025 година, во споредба со мај 2024 година, индексот на цените на 
инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 101.6, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 105.0.

Во делот аутпут, во мај 2025 година, во споредба со мај 2024 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 112.7, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 106.7.

Главни поенти

Цените во земјоделството во мај 2025 година во однос на мај 2024 година пораснале за:

  • 12.7 % кај растителното производство 
  • 6.7 % кај добиточното производство 

кај аутпутот,

  • 1.6 % кај тековно потрошените средства во земјоделството
  • 5.0 % кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството

кај инпутот.

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Виолета Миланова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: violeta.deleva@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекс на цени во земјоделството