Индекси на цените во земјоделството, ноември 2025 година
Цените во земјоделството во ноември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 1.7 % кај инпутот, а намалени за 3.9 % кај аутпутот
Цените во земјоделството во ноември 2025 година, споредени со цените во ноември 2024 година, бележат намалување кај аутпутот, а зголемување кај инпутот.
Во делот инпут, во ноември 2025 година, во споредба со ноември 2024 година, има зголемување на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) за 1.3% и зголемување на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) за 5.1 %.
Во делот аутпут, во ноември 2025 година, во споредба со ноември 2024 година, цените на растителното производство се намалени за 6.0 %, а цените на добиточното производство се зголемени за 3.1 %.
Главни поенти
Цените во земјоделството во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, се промениле за:
- -6.0 % кај растителното производство
- +3.1 % кај добиточното производство
кај аутпутот
- +1.3 % кај тековно потрошените средства во земјоделството
- +5.1 % кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството
кај инпутот
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Виолета МилановаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: violeta.deleva@stat.gov.mk