Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 07.8.2025.1/10

Индекси на цените во земјоделството, октомври 2025 година

Цените во земјоделството во октомври 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 1.7 % кај инпутот, а намалени за 1.6 % кај аутпутот

Цените во земјоделството во октомври 2025 година, споредени со цените во октомври 2024 година, бележат намалување кај аутпутот, а зголемување кај инпутот.

Во делот инпут, во октомври 2025 година, во споредба со октомври 2024 година, има зголемување на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) за 1.5 % и зголемување на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) за 4.9 %.

Во делот аутпут, во октомври 2025 година, во споредба со октомври 2024 година, цените на растителното производство се намалени за 3.2 %, а цените на добиточното производство се зголемени за 3.7 %.

Главни поенти

Цените во земјоделството во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, се промениле за:

  • -3.2 % кај растителното производство
  • +3.7 % кај добиточното производство 

кај аутпутот

  • +1.5 % кај тековно потрошените средства во земјоделството
  • +4.9 % кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството

кај инпутот

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Виолета Миланова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: violeta.deleva@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекс на цени во земјоделството