Индекси на цените во земјоделството, октомври 2026 година
Цените во земјоделството во октомври 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 9.7 % кај инпутот и за 2.2 % кај аутпутот
Цените во земјоделството во октомври 2026 година, споредени со цените во октомври
2025 година, бележат зголемување и кај инпутот, и кај аутпутот.
Во делот инпут, во октомври 2026 година, во споредба со октомври 2025 година, кај цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) има зголемување за
9.8 %, а кај цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) зголемувањето е за 8.3 %.
Во делот аутпут, во октомври 2026 година, во споредба со октомври 2025 година, цените на растителното производство се зголемени за 3.8 %, а цените на добиточното производство се намалени за 2.6 %.
Главни поенти
Цените во земјоделството во октомври 2026 година, во однос на октомври 2025 година:
- кај аутпутот се повисоки за 3.8 % во растителното производство, а пониски за -2.6 % во добиточното производство
- кај инпутот се повисоки за 9.8 % во тековно потрошените средства во земјоделството и за 8.3 % кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Виолета МилановаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: violeta.deleva@stat.gov.mk