Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 07.8.2025.1/9

Индекси на цените во земјоделството, септември 2025 година

Цените во земјоделството во септември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 3.3 % кај инпутот, а намалени за 1.6 % кај аутпутот

Цените во земјоделството во септември 2025 година, споредени со цените во септември 2024 година, бележат намалување кај аутпутот, а зголемување кај инпутот.

Во делот инпут, во септември 2025 година, во споредба со септември 2024 година, има зголемување на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) за 3.0 % и зголемување на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) за 6.7 %.

Во делот аутпут, во септември 2025 година, во споредба со септември 2024 година, цените на растителното производство се намалени за  3.9 %, а цените на добиточното производство се зголемени за 5.5 %.

Главни поенти

Цените во земјоделството во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, се промениле за:

  •  -3.9 % кај растителното производство 
  • +5.5 % кај добиточното производство 
    кај аутпутот
  •  +3.0 % кај тековно потрошените средства во земјоделството
  •  +6.7 % кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството
    кај инпутот

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Виолета Миланова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: violeta.deleva@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекс на цени во земјоделството