Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 07.8.2026.1/2

Индекси на цените во земјоделството, февруари 2026 година

Цените во земјоделството во февруари 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, се намалени за 0.6 % кај инпутот, а се зголемени за 20.7 % кај аутпутот

Цените во земјоделството во февруари 2026 година, споредени со цените во февруари 2025 година, бележат намалување кај инпутот, а зголемување кај аутпутот.

Во делот инпут, во февруари 2026 година, во споредба со февруари 2025 година, има намалување на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) за 
1.1 %, а зголемување на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) за 6.4 %.

Во делот аутпут, во февруари 2026 година, во споредба со февруари 2025 година, цените на растителното производство се зголемени за 23.8 %, а цените на добиточното производство се зголемени за 1.6 %.

Главни поенти

Кај цените во земјоделството во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, се бележи следнава динамика:

  • повисоки се за 23.8 % кај растителното производство и
  • за 1.6 % кај добиточното производство 

во делот на аутпутот, додека во делот на инпутот

  • пониски се за 1.1 % кај тековно потрошените средства во земјоделството, а
  •  повисоки за 6.4 % кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Виолета Миланова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: violeta.deleva@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекс на цени во земјоделството