Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ

Индекси на цените во земјоделството, јануари 2026 година

Цените во земјоделството во јануари 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, се намалени за 2.2 % кај инпутот, додека пак се зголемени за 9,9 % кај аутпутот

Цените во земјоделството во јануари 2026 година, споредени со цените во јануари 2025 година, бележат намалување кај инпутот, а зголемување кај аутпутот.

Во делот инпут, во јануари 2026 година, во споредба со јануари 2025 година, има намалување на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) за 2.8 %, а зголемување на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) за 4.7 %.

Во делот аутпут, во јануари 2026 година, во споредба со јануари 2025 година, цените на растителното производство се зголемени за 12.3 %, а цените на добиточното производство се зголемени за 1.3 %.

Главни поенти

Кај цените во земјоделството во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, се бележи следнава динамика:

  •   повисоки се за 12.3 % кај растителното производство и
  •   за 1,3 % кај добиточното производство 

во делот на аутпутот, додека во делот на инпутот

  •  се пониски за 2.8 % кај тековно потрошените средства во земјоделството
  •  а повисоки за 4.7 % кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Виолета Миланова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: violeta.deleva@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекс на цени во земјоделството