Индекси на цените во земјоделството, јули 2025 година
Цените во земјоделството во јули 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 3.1 % кај инпутот и за 31.8 % кај аутпутот
Цените во земјоделството во јули 2025 година, споредени со цените во јули 2024 година, бележат зголемување и кај аутпутот и кај инпутот.
Во делот инпут, во јули 2025 година, во споредба со јули 2024 година, има зголемување на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) за 2.8 %, и зголемување на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) за 6.9 %.
Во делот аутпут, во јули 2025 година, во споредба со јули 2024 година, цените на растителното производство се зголемени за 39.9 %, а цените на добиточното производство се зголемени за 6.5 %.
Главни поенти
Цените во земјоделството во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, се зголемиле за:
- 39.9 % кај растителното производство
- 6.5 % кај добиточното производство
кај аутпутот,
- 2.8 % кај тековно потрошените средства во земјоделството
- 6.9 % кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството
кај инпутот.
Табели

Контакт
Виолета МилановаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: violeta.deleva@stat.gov.mk