Индекси на цените во земјоделството, јуни 2025 година
Цените во земјоделството во јуни 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 3.2 % кај инпутот и за 18.0 % кај аутпутот
Индексот на цените во земјоделството во јуни 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, е 103.2 кај инпутот и 118.0 кај аутпутот.
Во јуни 2025 година, во споредба со јуни 2024 година, индексот на цените на
инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 103.0, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 105.8.
Во делот аутпут, во јуни 2025 година, во споредба со јуни 2024 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 122.2, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 106.9.
Главни поенти
Цените во земјоделството во јуни 2025 година во однос на јуни 2024 година пораснале за:
- 22.2 % кај растителното производство
- 6.9 % кај добиточното производство
кај аутпутот,
- 3.0 % кај тековно потрошените средства во земјоделството
- 5.8 % кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството
кај инпутот.
Табели

Контакт
Виолета МилановаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: violeta.deleva@stat.gov.mk