Индекси на цените во земјоделството, јуни 2026 година
Цените во земјоделството во јуни 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 6.4 % кај инпутот и за 4.5 % кај аутпутот
Цените во земјоделството во јуни 2026 година, споредени со цените во јуни
2025 година, бележат зголемување и кај инпутот и кај аутпутот.
Во делот инпут, во јуни 2026 година, во споредба со јуни 2025 година, кај цените на
инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) има зголемување за
6.2 %, а кај цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) зголемувањето е за 8.5 %.
Во делот аутпут, во јуни 2026 година, во споредба со јуни 2025 година, цените на растителното производство се зголемени за 5.9 %, а цените на добиточното производство се зголемени за 0.2 %.
Главни поенти
Кај цените во земјоделството во јуни 2026 година, во однос на јуни 2025 година, се бележи следнава динамика:
- повисоки се за 5.9 % кај растителното производство, а
- повисоки за 0.2 % кај добиточното производство
во делот на аутпутот, додека во делот на инпутот
- повисоки се за 6.4 % кај тековно потрошените средства во земјоделството и
- за 8.5 % кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството.
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Виолета МилановаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: violeta.deleva@stat.gov.mk