СООПШТЕНИЕ

Корекција: Податоците за цените на електричната енергија и природниот гас за второто полугодие 2024 година ги објавуваме повторно

По дополнително доставениот извештај од Регулаторната комисија за енергетика, беше направена корекција на веќе објавените цени на електричната енергија за домаќинствата и индустриските потрошувачи во соопштението за второто полугодие од 2024 година објавено на 01.04.2025 година

Во второто полугодие од 2024 година, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата изнесува 6.733 денари по KWh, што претставува пораст од 1.6 %  во споредба со првото полугодие од 2024 година. Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 5.863 до 14. 077 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 828.163 до 1 404.270 денари по GJ по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата е 1 790.185 денари за GJ.

Главни поенти

Во второто полугодие од 2024 година во однос на првото полугодие од 2024 година зголемувањето на просечната цена на:

•    Електричната енергија за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 19.2 % до 56.2 %

•    Природниот гас за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од
5.3 % до 16.2 %



Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Цени на електричната енергија, денари/КWh

Цени на природниот гас, денари/GJ

Контакт

Подготвено од: Стојна Манева
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: stojna.maneva@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.