Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 07.10.2025./2А

Цени на електричната енергија и природниот гас, второ полугодие 2025 година

Во второто полугодие од 2025 година има благо зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата, додека кај останатите потрошувачи цената на електричната енергија и цените на природниот гас, генерално, се намалуваат.

Во второто полугодие од 2025 година, просечната цена на електричната енергија, без данокот на додадена вредност, за крајните потрошувачи (освен домаќинствата) се движи од 5.820 до 15.340 денари по kWh, по групи на потрошувачи. Во споредба со претходното полугодие, просечната цена по kWh е намалена за 0.5 %.
Просечната цена на електричната енергија за домаќинствата изнесува 7.330 денари по kWh, што претставува пораст од 0.8 % во споредба со првото полугодие од 2025 година.

Просечната цена на природниот гас, без данокот на додадена вредност, за крајните потрошувачи (освен домаќинствата) се движи од 675.472 до 1 358.232 денари по GJ, по групи на потрошувачи. Притоа, се забележува намалување на цената на природниот гас од 11.7 % до 23.4 % по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата изнесува 
1 968.2 денари по GJ и бележи намалување од 4.7 %.

 

Главни поенти

Во второто полугодие од 2025 година, во однос на првото полугодие од 2025 година, просечната цена на:
  • Електричната енергија за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, во сите групи распределени според годишната потрошувачка, е намалена за 0.5 %
  • Природниот гас за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, бележи намалување од 11.7 % до 23.4 %, по групи според годишната потрошувачка.

 



Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Цени на електричната енергија, денари/КWh

второ полугодие 2025 година

Цени на природниот гас, денари/GJ

второ полугодие 2025 година

Контакт

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Цени на електрична енергија и природен гас