Цени на електричната енергија и природниот гас, второ полугодие од 2024 година
Просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во второто полугодие од 2024 година во однос на првото полугодие од 2024 година остана непроменета – 6.625 денари за KWh.
Во второто полугодие од 2024 година, во однос на првото полугодие од 2024 година, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата остана непроменета – 6.625 денари по KWh.
Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 5.863 до 11.976 денари по KWh по групи на потрошувачи.
Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 828.163 до 1 404.270 денари по GJ по групи на потрошувачи.
Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата е 1 790.185 денари за GJ.
Главни поенти
Во второто полугодие од 2024 година во однос на првото полугодие од 2024 година, зголемувањето на просечната цена на:
- Електричната енергија за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 8.8 % до 56.2 %
- Природниот гас за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 5.3 % до 16.2 %

Графикон
Цени на електричната енергија, денари/КWh
Цени на природниот гас, денари/GJ
Контакт
Подготвено од: Стојна МаневаТелефон: +389 02 3295 666
е-пошта: stojna.maneva@stat.gov.mk