Цени на електричната енергија и природниот гас, прво полугодие 2024 година
Пад од 9.1 % на просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во првото полугодие од 2024 година во однос на второто полугодие од 2023 година
Во првото полугодие од 2024 година, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата изнесува 6.625 денари по KWh, што претставува пад од 9.1 % во споредба со второто полугодие од 2023 година.
Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 4.860 до 11.010 денари по KWh по групи на потрошувачи.
Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 786.198 до 1208.634 денари по GJ по групи на потрошувачи.
Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата е 1679.526 денари за GJ.
Главни поенти
Во првото полугодие од 2024 година во однос на второто полугодие од 2023 година намалувањето на просечната цена на:
- Електричната енергија за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од
11.2 % до 29.8 % - Природниот гас за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од
2.4 % до 17.4 %

Графикон
Цени на електричната енергија, денари/КWh
Цени на природниот гас, денари/GJ
Контакт
Подготвено од: Стојна МаневаТелефон: +389 02 3295 666
е-пошта: stojna.maneva@stat.gov.mk