Користење информатичко-комуникациски технологии во домаќинствата и од поединците, 2024 година
Во првото тримесечје од 2024 година, 91.2 % од вкупното население на возраст од 15 до 74 години користеле интернет
10 окт. 2024
Научно-истражувачката дејност подразбира истражувања кои придонесуваат за развојот на научната мисла и за подигање на научното ниво во сите подрачја, полиња и области на науката, придонесуваат за трансферот на светските знаења, технологии и вештини за вкупниот развој на Република Северна Македонија.
Иновативноста е особено важна за подобрувањата на животниот стандард и може да влијае врз поединци, институции, цели економски сектори и земји, на повеќе начини. Соодветното мерење на иновациите и употребата на податоци за иновации во истражувањата може да им помогнат на креаторите на политики подобро да ги разберат економските и социјалните промени, да го проценат придонесот (позитивно или негативно) на иновациите во социјалните и економските цели и да ги следат и оценуваат ефективноста и ефикасноста на нивните политики.
Информатичкото општество е општество базирано врз делотворна примена на информации овозможена од забрзаниот развој и од сè поголемата употреба на информатичко-комуникациските технологии (ИКТ). Развојот и навлегувањето на информатичко-комуникациските технологии во сите пори на општеството има големо влијание врз економските и социјалните промени во него.
Глобалните комуникации, електронската трговија и интернетот му носат многу придобивки, уште поголем развој, економска експанзија и демократија на развиениот свет.
Во Република Северна Македонија се мерат и следат одредени показатели, како што се: опременоста со информатичко-комуникациски технологии (на пр., компјутер, пристап и тип на интернетска поврзаност), степенот и намената на нивното користење.
Мерењето на степенот на развој на информатичкото општество со следење на одредени клучни показатели е процес на постојано ревидирање и унапредување.
Во првото тримесечје од 2024 година, 91.2 % од вкупното население на возраст од 15 до 74 години користеле интернет
10 окт. 2024
Учеството на иновативните деловни субјекти во вкупниот број деловни субјекти, во периодот 2020 – 2022 година, е 29.87 %
15 мај 2024