Деловни субјекти според иновативностa, 2020 – 2022 година
Учеството на иновативните деловни субјекти во вкупниот број деловни субјекти, во периодот 2020 – 2022 година, е 29.87 %
Според големината на деловните субјекти, во периодот 2020 – 2022 година, иновациски активности имале 27.99 % од малите, 36.51 % од средните и 40.37 % од големите деловни субјекти.
По сектори, најмногу иновации има во секторот Останати стручни, научни технички дејности,
80.95 %, потоа во секторите Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација,
52.38 %, Финансиски дејности и дејности на осигурување, 48.72 %, а најмал процент на иновации има во секторот Маркетинг (реклами и пропаганда) и истражување на пазарот, 18.6 %.
Главни поенти
Во периодот 2020 – 2022 година иновациски активности имале:
- 27.99 % од малите
- 36.51 % од средните и
- 40.37 % од големите деловни субјекти
Табели
Контакт
Подготвено од: Македонка ТрајковаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: makedonka.trajkova@stat.gov.mk