Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 05.1.2025.2

Бруто-домашен производ и инвестиции во основни средства по региони, 2023 година,дефинитивни податоци

Скопскиот регион учествува со 45.9 % во бруто-домашниот производ, а Североисточниот Регион со 4.5 %

Во 2023 година, најголемо учество во бруто-домашниот производ на Република Северна Македонија има Скопскиот Регион со 45.9 %, додека најмало учество има Североисточниот Регион со 4.5 %.
Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Северна Македонија, имаат Скопскиот Регион со индекс 138.2 и Југоисточниот Регион со индекс 111.6. Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на Република Северна Македонија. 
Во 2023 година, најголемо учество во бруто-инвестициите во основни средства има Скопскиот Регион со 53.2 %.

Главни поенти

Со 16.8 %, Пелагонискиот Регион има најголем пораст на бруто-домашниот производ во однос на 2022 година.
Со 107.6 %, Полошкиот Регион има најголем пораст на бруто-инвестициите во основни средства во однос на 2022 година.

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Вилма Гудеска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: vilma.gudeska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Бруто-домашен производ и инвестиции во основни средства, по региони