СООПШТЕНИЕ

Бруто-домашен производ и инвестиции во основни средства по региони, 2023 година, претходни податоци

Во 2023 година Скопскиот Регион учествува со 45.8 % во бруто-домашниот производ, а Североисточниот Регион со 4.6 %

Во 2023 година, најголемо учество во бруто-домашниот производ на Република Северна Македонија има Скопскиот Регион со 45.8 %, додека најмало учество има Североисточниот Регион со 4.6 %.

Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Северна Македонија, имаат Скопскиот Регион со индекс 138.4 и Југоисточниот Регион со индекс 110.0. Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот. 

Во 2023 година, најголемо учество во бруто-инвестициите во основни средства има Скопскиот Регион со 53.0 %.

Главни поенти

Во 2023 година во однос на 2022 година најголем пораст на: 
  • Бруто-домашниот производ од 12.8 % има Пелагонискиот Регион 
  • Бруто-инвестициите во основни средства од 107.9 % има Полошкиот Регион

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Подготвено од: Вилма Гудеска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: vilma.gudeska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.