Бруто-домашен производ и инвестиции во основни средства по региони, 2024 година, претходни податоци
Скопскиот регион учествува со 46.2 % во бруто-домашниот производ, а Североисточниот Регион со 4.5 %.
Во 2024 година, најголемо учество во бруто-домашниот производ на Република Северна Македонија има Скопскиот Регион со 46.2 %, додека најмало учество има Североисточниот Регион со 4.5 %.
Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Северна Македонија, имаат Скопскиот Регион со индекс 138.8 и Југоисточниот Регион со индекс 114.2. Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на Република Северна Македонија.
Во 2024 година, најголемо учество во бруто-инвестициите во основни средства има Скопскиот Регион со 49.7 %.
Главни поенти
Со 9.0 %, Југоисточниот Регион има најголем пораст на бруто-домашниот производ, во однос на 2023 година.
Со 55.9 %, Североисточниот Регион има најголем пораст на бруто-инвестициите во основни средства, во однос на 2023 година.
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Вилма ГудескаТелефон: +389 2 3295 780
е-пошта: vilma.gudeska@stat.gov.mk